Во првиот натпревар од полуфиналето во ЕХФ Купот, ракометарите на Алкалоид на домашен терен го совладаа Рунар со 42:37.
Најефикасен во редовите на македонскиот претставник беше Мартин Серафимов со 10 гола, седум пати прецизен беше Иван Џонов додека пет погодоци беа дело на Игор Ѓоргиев.
Во редовите на гостите од Норвешка прв стрелец со 11 гола беше Кристофер Рамбо додека Торд Леа Кнутсен постигна седум.
Реванш натпреварот се игра за седум дена во Осло.
ФОТО: Игор Паневски














































