Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Папата Франциск на 88-годишна возраст

/

пред 541 дена

Сподели преку :

Папата Франциск, врховниот поглавар на Римокатоличката црква, 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан, почина на 88-годишна возраст, објави претпладнево Ватикан.

Франциск беше прв Папа од јужна Америка и воопшто прв Папа, по речиси 1 300 години, кој не бил кардинал од европскиот континент.

Папата Франциск помина повеќе од еден месец во болница поради двојна пневмонија. Испеа да се врати на должностите за време на одбележувањето на Христовото Воскресение, но почина на втор ден Велигден.

Папата Франциск за време на празнувањата се сретна и со повеќе државници меѓу кои и американскиот потпретседател  Џ.Д. Венс, хрватскиот премиер Пленковиќ и други.

Се залагаше за отварање на католичката црква кон сиромашните и беше поборник на расправата за општествените и социјалните теми особено за улогата на жените, правата на хомосексуалците, влијанието на климатските промени и смртната казна. По промената на американската политика, тој застана во одбрана на правата и достоинството на емигрантите и на малцинските заедници.

Во 2019-тата Папата Франциск ја посети Македонија.