Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лани биле регистрирани над 140.000 лица со дијабетес во државата

/

пред 547 дена

Сподели преку :

Согласно податоците на преваленца за состојба на опфат на граѓани од 20 до 79-годишна возраст, констатирано е дека во 2024 година се регистрирани 140.800 лица со дијабетес. Новиот регистар на состојбата на лица со дијабетес во светот и Македонија укажува на стабилизирање на состојбата со раст на лица со дијабетес, со околу 7.500 новодијагностицирани лица годишно, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Сепак од Сојузот нагласуваат дека овие бројки се сериозен индикатор за потребата од зголемена превенција, рана дијагноза и континуирана едукација за правилно управување со болеста. Исто така, апелираат до институциите да се продолжи со инвестирање во достапност на терапија, модерни помагала и поддршка на лицата со дијабетес, особено имајќи го предвид трендот на пораст и кај помладите возрасни групи.

Очекувањата се дека новите податоци ќе бидат основа за надградба на националните стратегии за справување со хроничните заболувања, вклучително и преку јавни кампањи и скрининзи.