Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 100 светски делегации и преку 200.000 верници се очекуваат на погребот на папата Франциск

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Над 200.000 луѓе се очекува да присуствуваат на плоштадот Свети Петар во Ватикан за погребот на папата Франциск в сабота наутро, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации.

Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да пристигне во Рим в петок.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот Папа од Латинска Америка.

Тој почина на 21 април на 88-годишна возраст, а директорот на Управата за здравје и хигиена на Ватикан, Андреа Арканџели соопшти дека папата починал од мозочен удар и срцева слабост.

Како што соопшти Канцеларијата за литургиски настани во Ватикан, тој ќе биде погребан в сабота на 26 април.