Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лани биле генерирани 790.866 тони комунален отпад или 438 кг. по глава на жител

/

пред 546 дена

Сподели преку :

Комуналните претпреијатија лани во земјава собрале 637.471 тони отпад што во споредба со претходната година е зголемување од 2,5 проценти. Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека тоа се должи на зголемениот број на населени места вклучени во системот за колективно собирање.

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион, односно 28,4 проценти од вкупното собрано количество. Домаќинствата учествувале со 84 проценти, а останатите 16 проценти од правни и физички лица. Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е мешаниот комунален отпад, а најмало количество има отпадот од гума.

Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790.866 тони што, пак, по глава на жител изнесува 438 килограми. Според статистика, најголем дел од собраниот отпад завршува на депонија.