Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паузата за царините од 90 дена завршува порано?

/

пред 533 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека повторно ќе ги стави во сила „реципрочните“ царини за голем број земји ширум светот бидејќи некои од нив до сега воопшто не изразиле интерес за преговори, иако претходно кажа дека ќе ги паузира на 90 дена.

Не е јасно какви нови царини ќе им наметне Трамп на земјите што нема да постигнат договор со САД во наредните недели – ниту дали овие нови царини трајно ќе ги заменат тековно паузираните тарифи или само ќе служат како привремена мерка додека продолжуваат преговорите.

Меѓувреме, САД одржуваат универзална царина од 10 отсто за речиси сите стоки увезени во Америка, со повисоки стапки за одредени производи. Промената на ставот на Трамп за тарифите предизвика огромна несигурност и предизвика драстичен пад на акциите на берзите.