Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеничките прашања повторно во сенка на кочанската трагедија

/

пред 556 дена

Сподели преку :

Кочанската трагедија, обвинителот Коцевски, Законот за правична застапеност, платите во културата и минималната плата преовладуваа на денешната седница за пратенички прашања. Опозицијата повторно бараше морална одговорност од премиерот за несреќата и обвини за селективна истрага. Мицкоски, пак, одговори дека под истрага се 68 лица, а останатото е во рацете на обвинителството и судството избрано од СДСМ и ДУИ.

Мицкоски возврати со прашање, колкумина се приведени и осудени за модуларната болница, Ласкарци и Беса Транс и најави дека наскоро ќе има јавна расправа во Собранието за сите овие случаи.

ДУИ, пак, ги интересираше до каде е Законот за правична застапеност, а побараа и извинување од премиерот за, според нив, несоодветното однесување кон Албанците.ж

За законот за правична застапеност, Мицкоски кажа дека е готов и наскоро ќе биде објавен, но и испратен до Венецијанската комисија, за да не се случи повторно да биде оспорен.

Далиборка Демјанска Цветановска