Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 26.4.2025

/

пред 528 дена

Сподели преку :

Нестабилната временска состојба продолжува и викендов. Во сабота ќе се задржи променливо облачно со сонце и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12°C, а максимумот од 16 до 24°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

26 Крушево, 23 Маврови Анови, 14 Скопје-Петровец, 13 Охрид, Битола, 11 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, Претор, Тополчани, 7 Лазарополе, 3 Берово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Пожаране, 1 Тетово, Демир Капија.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 18.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/