Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нападнати две лица во Кисела Вода со бекатон плочки

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело „Насилство“. Тој на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз две лица, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со бекатон плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното лице и телесни повреди на другото.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост за осомничениот.