Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателката Сиљановска Давкова утре на погребот на папата Франциск

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.