Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Вардар совлада Беса и ја продолжи триумфалната серија

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Во првиот натпревар од 29. коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија, Вардар ја совлада Беса со 3:1 и ја продолжи серијата на натпревари во кои не ја почувствувал горчината на поразот.

За “црвено-црните” ова е 13 натпревар во низа во кој немаат загубено. Серијата голови ја отвори Горан Закариќ во последната минута од првиот дел кога успешно реализираше удари од 11 метри.

Во 58-та, Закариќ зголеми на 2:0, а Влатко Стојановски во 69. минута го постигна единствениот погодок за гостите. Конечните 3:1 ги постави Мато во 71. минута.

ФОТО: Игор Паневски