Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Недела на 100 дена власт на новата американска администрација, но и „клучна“ за процесот за ставање крај на војната во Украина. Државниот секретар Марко Рубио во интервју за „Ен-Би-Си“ њуз порача дека ќе следуваат проценки во Вашингтон дали да се продолжи со посредството меѓу Киев и Москва за запирање на крвопролевањето, бидејќи досега било потрошено многу време и енергија, а резултат сè уште нема. Според него, постојат причини за оптимизам во мировните напори, меѓутоа потребна е, како што вели, и реалност. Засега, додаде Рубио, САД се воздржуваат од нови ограничувања против Русија за да не го загрозат дипломатскиот процес.

Ваквата негова порака доаѓа по изјавите во стилот „топло-ладно“ на Трамп, кој најпрво во петокот изјави дека „Русија и Украина се блиску до договор“, за ден подоцна да изрази скептицизам за намерите на рускиот претседател Владимир Путин дека наскоро е можен мировен договор.