Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен како вози со 111 км./ч. на место каде е дозволено 50 км./ч. – приведен тетовец

/

пред 541 дена

Сподели преку :

Вчера попладне на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Н.Л. (49) од Тетово.

Како што денеска соопштија од министерството за внатрешни работи (МВР), тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“ со брзина од 111 км./ч. на место каде максимална дозволена брзина е 50 км./ч.

По документирање на случајот, против лицето Н.Л. ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.