Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АЗЛП – Гастро клиниката ги повредила личните податоци на пациентка

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Агенцијата за заштита на личните податоци започна со вонредна супервизија во Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје, по обвинувањата на пациентка дека ѝ бил украден идентитетот и друг човек бил прегледан во нејзино име, а резултатите стојат во нејзиниот здравствен картон. Приказната со прегледи на туѓо име во Клиниките ја отвори емисијата Код по поплаката од пациентката. Освен прегледот, во туѓо име биле искористени уште три упати во други клиники. Агенцијата најавува подетални информации по завршување на супервизијата.

„Од страна на ЈЗУ УК Гастроентерохепатологија сторена е повреда на правото на заштита на личните податоци на подносителката. Имајќи предвид дека личните податоци на подносителката се искористени во уште две клиники, вонредната супервизија ќе продолжи по што ќе се донесат соодветни акти за трите клиники“, информира Агенцијата за заштита на лични податоци.

Срѓан Стојанчов