Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски бара безусловно, а не тридневно примирје

/

пред 537 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во своето традиционално вечерно обраќање, изјави дека првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје.

  • Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловно и целосно прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа, нагласи Зеленски.

Украинскиот лидер, исто така, рече дека Украина се подготвува за повеќе разговори со САД, кои имаат за цел да извршат притисок врз Москва да учествува во разговорите.

  • Ги избираме точките на притисок во Русија кои најсилно ќе ја охрабрат Москва кон дипломатија, истакна украинскиот претседател.

Володимир Зеленски вчера го критикуваше предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај, по повод прославата на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Украинскиот претседател изјави дека нема потреба да се чека до 8 мај за прекин на огнот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно вчера изјави дека Украина не одговорила на понудата на Путин за директни мировни преговори и дека не е јасно дали Киев ќе се приклучи на иницијативата за тридневен прекин на огнот.

Келог: Предлогот на Путин за тридневен прекин на огнот е апсурден

А специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог остро го отфрли предлогот на Владимир Путин за тридневен прекин на огнот, нарекувајќи го „апсурден“ и недоволен за вистински напредок кон мир.

Келог изјави дека САД се во добра позиција со Украина и дека Вашингтон инсистира на долгорочно примирје на сите фронтови – копно, море и воздух – во траење од најмалку 30 дена.

„Тогаш може да продолжиме со разговорите“, додаде тој. Келог посочи дека украинската страна е подготвена за соработка, но топката сега е кај Русија.

„Мислам дека сме блиску до договор, но потребна е сериозност од Москва“, рече Келог.

Предлогот на Путин за примирје од 8 до 11 мај е критикуван и од други меѓународни лидери.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони оцени дека е потребен траен и праведен мир, а британската разузнавачка служба смета дека Кремљ се обидува да ја прикаже Русија како отворена за дијалог и истовремено да го намали интензитетот на украинските напади.

Русија објави почеток на директни преговори со Украина

Русија започнува директни преговори со Украина без поставување предуслови, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС.

Лавров соопшти дека предлогот на претседателот Владимир Путин за тридневно примирје по повод Денот на победата над фашизмот е сигнал за отворање на дијалог со Киев. Тој додаде дека барањето на Украина за 30-дневно примирје го сметаат за предуслов, а не за искрено барање за мир. Русија, според Лавров, не верува дека е можно долгорочно примирје поради, како што рече, честите провокации од украинска страна.

„Не гледаме фер механизам за следење на примирјето,“ нагласи тој. Лавров посочи дека Украина и Европа бараат прекин на огнот поради воени загуби на Киев и повтори дека решението за конфликтот мора да произлезе од отстранување на неговите основни причини – меѓу кои и откажување од членство во НАТО.

 

[ТЕХНИЧКА ВЕСТ + ИНСЕРТИ

НАСЛОВ: