Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредени во дискотеката „Пулс“ од денеска ја почнаа рехабилитацијата во болницата во Кочани

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Дваесет и седум повредени во дискотеката „Пулс“ од денеска ја почнаа рехабилитацијата во Општата болница во Кочани. Во оваа болница по болничкиот третман низ болниците во странство и земјава се рехабилитираат вкупно 38 млади луѓе.

Во дневна амбуланта се распоредени на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Од оваа болница информираат дека нивната здравствена состојба е стабилна. Во меѓувреме течат и обуките за медицинскиот персонал од штипското одделение за Физикална терапија од штипската Клиничка болница. Обуките ги реализираат лекари од Велика Британија и Шпанија кои имаат искуство за третирање на  изгорениците и фрактурите со кои младите луѓе се здобија по несреќата во дискотеката Пулс

Инаку од денеска  во болницата во Кочани во функција е ставена и хипербарната комора, која е добиена како донација. Ваквата терапија ќе овозможи брза и успешна ревитализација на кожата со изгореници, како и интоксикација на организмот,по вдишувањето на чадот во дискотеката. Еден час во хипербаричната комора заменува 7 до 10 дена престој на планина.

Викторија Јованова