Денеска беше конституирана меѓупартиска група што ќе го следи Берлинскиот процес и Реформската агенда од Планот за раст, со која ќе претседава пратеникот Антонио Милошоски.
По десет години, покрај владите, во овој процес се внесуваат и парламентите,а ова е прва таква група во регионот што, заедно со Паралментот во Босна има за цел да ја зајакне улогата на законодавните домови.
Oд граѓанскиот сектор сметаат дека пратениците и од власта и од опозицијата треба да имаат интерес да го зајакнат надзорот и да притискаат да се забрза реформската агенда.











