Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поповска: Независните листи беа четврта политичка сила на минатите избори

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Дел од партиите за кои се вели дека никој не слушнал, се фиктивни и големите партии им собираат, веројатно, потписи и кои што им требаат заради некаков декор во одредена ситуација или да прикажат дека имаат поголема коалиција, дека се дел од коалицијата, иако нема да добијат места на одредени позиции или, пак, во одредени ситуации да се јавуваат со одредени иницијативи во полза на една или на друга партија, истакна Лилјана Поповска од „Зелен институт“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И што е многу важно, кај таквите фиктивни партии, ако сте голема партија, немате конкуренција на изборите. Тие не постојат како партии, немаат гласачи, немаат програма, немаат мрежа. И тие нема да добијат гласови и не се конкуренција. Додека независните листи или други помали партии кои што имаат реално гласачко тело, реална програма, содржина и мрежа, тие си имаат свои гласачи. Помалку од бројот на големите, меѓутоа не се занемарливи. И кога ќе се излезе на избори, за независните листи ќе гласаат луѓе, живи луѓе. Ако не се лажам, на минатите избори беа околу 65.000, вкупно во сите единици на локална самоуправа, што независните листи ги правеа четврта политичка сила“, додаде Поповска.