Попладнево реагираа од владата и во соопштението наведуваат дека „во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ.“
Тврдат дека не станува збор за трошоци и ручеци на министри туку за ресторански услуги во бифеата во институциите. Тоа се трошоци „за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите“, наведуваат од владата.
Владата повторно ја обвини СДСМ дека завршило времето кога министри „од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг“.
СДСМ обвинува дека министрите потрошиле 30 илјади евра во скапи ресторани











