Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочани е во колективна траума и по 50 дена од трагедијата во дискотеката „Пулс“

/

пред 527 дена

Сподели преку :

Кочани е во колективна траума и по педесет дена од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. Наместо протестен марш низ кочанските улици, до општината, полицијата и обвинителството денеска  беше организирана велосипедска тура по патеката на оризот. Велосипедската тура во која учествуваа над 300 велосипедисти е на иницијатива на родителите.

Родителите на загинатите деца прашаа дали треба да ни се случи трагедија за да си подадеме рака, да се сплотиме, да си бидеме поддршка и да сме сите заедно. Порачаа дека се заедно и им даваат поддршка на сите повредени, посакувајќи им побрзо оздравување. Не се откажуваат и велат дека заслужуваат одговори и инсистираат на нив. Жителите на Кочани тагуваат и велат дека нема семејство кое не е поврзано со пожарот во „Пулс“.

Велосипедистите со едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“, како симбол на задоцнетата институционална реакција точно во 12.05 часот им одадоа почит на 62 млади луѓе кои на 16-ти март ги изгубија своите животи во пожарот.

Обвинителот Коцевски претходно информираше дека истрагата за пожарот во „Пулс“ треба да  заврши на 17-ти јуни. Работат 13 обвинители, а  истрагата се води за кривичното дело-тешки дела против општата сигурност.

Викторија Јованова