Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лицата со дијабетес бараат да се осигура квалитетот на инсулинските пумпи

/

пред 534 дена

Сподели преку :

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес бара од Владата, министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред претстојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето.

Реагираат дека државата се соочува со загрижувачки најмал пристап, со само околу 300 пациенти со инсулински пумпи, т.е. современо помагало за менаџирање на дијабетесот кај лицата со Тип 1.

Од Сојузот додаваат дека инсулинсите пумпи кои треба да се набават во 2025 година, треба да бидат современи системи кои доведуваат до намален број на компликации што води кон директна долгорочна заштеда на здравствениот систем.