Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦДУ и СПД потпишаа коалициски договор за нова германска влада

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Претставниците на десничарската Демохристијанска Унија, нејзината сестринска баварска партија Христијанско-социјална Унија и социјалдемократите и официјално го потпишаа коалициски договор за нова германска влада.

Коалицијата има релативно скромно мнозинство од 328 мандати од вкупно 630 во Бундестагот. Пред себе си постави цел – поттикнување на економскиот раст, зголемување на трошоците за одбрана, заземање на построг пристап кон миграцијата и придвижување кон долго занемарената модернизација.

Унијата и социјалдемократите управуваа со Германија заедно претходно во 60-тите години од минатиот век, а потоа и во три од четирите мандати на поранешната канцеларка Ангела Меркел, која ја водеше земјата од 2005 до 2021 година.