Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Романскиот премиер Чолаку поднесе оставка, ден по победата на Симион во првиот круг од претседателските избори

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку денеска поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските избори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада.

  • Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет, наведе Чолаку.

Социјалдемократот Чолаку ја поднесе оставка до претседателот на Романија, Илие Боложан и на министрите им предложи да ја напуштат Владата поради што повеќе го немаат потребното мнозинство во Парламентот.

Министрите ќе дејствуваат со технички овластувања додека не се формира нова влада по вториот круг од претседателските избори закажан на 18 мај.

По парламентарните избори одржани во декември, Чолаку (57) остана на чело на владата врз основа на договорот, што имаше за цел да го спречи подемот на крајната десница и претставувањето на заеднички кандидат за претседателските избори.

Кандидатот на Владата, Крин Антонеску на вчерашниот прв круг беше трет. Кандидатот на крајната десница, Џорџе Симион вчера освои 40,9 проценти од гласовите, а градоначалник на Букурешт, Никушор Дан (Никусор), кој доби 20,9 отсто.

„Романскиот Трамп“ во убедливо водство – Георге Симион со двојно повеќе гласови во првиот круг на претседателските избори во Романија