Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каталин Предоју именуван за в.д. премиер на Романија

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Претседателот на Романија во оставка, Илие Боложан го именуваше Каталин Предоју за в.д. премиер на земјата. Тој претпладнево гто потпиша декретот за именување на Предоју за в.д. премиер на Романија кој ќе остане на функцијата до формирање на новата влада. Ваквиот потег на Боложан доаѓа по вчерашната оставка на премиерот Марсел Чолаку.

Националниот политички совет на романските социјалисти одлучи партијата да ја напушти владеачката коалиција и Чолаку да поднесе оставка на премиерската позиција.

„Владеачката коалиција нема легитимитет, барем не во овој состав. Импредложив на колегите да ја напуштиме коалицијата, што доведе до моја оставка како премиер, одлкука што ја поднесов до претседателот на државата“, рече Чолаку.

Сето ова се случува во услови на претседателски избори во земјата на кои во првиот круг победи крајниот десничар Ѓорѓе Симион кој во вториот круг, на 18 мај, ќе се натпреварува со градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.