Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

/

пред 525 дена

Сподели преку :

По вчерашната средба на лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари со Мицковски, вечерва во владата се останатите партиски лидери од коалицијата Вреди, Меџити, Касами и Ибрахими на средба со премиерот.

  • Средбата помина во конструктивна атмосфера во пријателски и партнерски дух. Се разговара за сите реформски прашања, силно се уважува волјата на граѓаните за реформи, борбата против криминалот и промени на системот кој го остави ДУИ и СДСМ. Граѓаните нема да бидат разочарани. Разговорите продолжуваат, брифираат од Владата.

За Вестите на Телма во 21.30 се јави Петар Догов

Вчерашната средба која не траеше повеќе од два часа и се одвиваше зад затворени врати меѓу Таравари и Мицковски заврши без епилог– прашањето за судбината на крилото на Алијанса за Албанците е се уште отворено – дали останува внатре или излегува надвор од владината коалиција.

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Вчера по средбата, од владата информираа дека претседателот на Владата ги потврдил јавно изнесените позиции, а средбата завршила во конструктивен дух. Владините извори информираа дека разговорите продолжуваат и во текот на овој месец по што ќе се знае иднината за функционирањето на Алијанса за Албанците.

Мицковски претходно оцени дека за Таравари има само две опции – со власта или со ДУИ. Тој порача дека и со и без Алијанса, Владата ќе биде стабилна.