Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост поради ескалацијата на насилството меѓу Индија и Пакистан. Тој нагласи дека, како две нуклеарни сили, Индија и Пакистан треба сами да ги решат своите проблеми и рече дека очекува борбите брзо да завршат.
Меѓувреме, американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговараше со претставници од двете земји, повикувајќи ги да одржат дијалог и да избегнат понатамошна ескалација.
САД, кои имаат стратешки партнерства со Индија и Пакистан, продолжуваат да ја следат ситуацијата, но засега се воздржуваат од давање обвиненија за инцидентот од 22 април, кога беа убиени 26 лица во напад во индискиот дел на Кашмир.











