Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пашоли: Таравари ни рече дека „Вреди“ не вреди толку

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Го поздравивме чекорот на Таравари што рефлектираше, тој рече дека „Вреди“ не вреди толку и дека не се исполнети очекувањата на граѓаните кои ги гласаа, рече Арбана Пашоли од ДУИ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И ако тоа доаѓа од внатре, од самата коалиција, од партнер кој довчера беше почитуван, тоа значи дека има вистина во тоа, без разлика што тие сега зборуваат за Таравари. Дали ние имавме улога? – Мислам дека ДУИ, сега и во рамките на Европскиот фронт, сме дале пример дека ние сме се обиделе и низ годините и цело време да се подобриме самите себеси. Никогаш не ни била целта другите, туку сме се обиделе како ние да се подобриме и како на најдобар можен начин да ги исполниме очекувањата на граѓаните. Тоа што се случува во „Вреди“ или со Таварари, тоа би требало сам да објасни и да каже зошто така постапил“, вели Пашоли.