Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вадење на минерали, нафта и гас, но не и безбедносни гаранции – украинскиот парламент го ратификуваше договорот со САД

/

пред 528 дена

Сподели преку :

Врховната Рада претпладнево го ратификуваше договорот со Соединетите Американски Држави за искористување на украинските природни ресурси. Со тоа, како што се надева официјален Киев, ќе се отвори пат за нова американска воена помош.

Договорот, како што пренесуваат медиумите, се однесува на вадење на минерали, нафта и гас во Украина, но не опфаќа безбедносни гаранции за Киев, иако Украина инсистираше на нив.

Договорот меѓу двете страни беше потпишан при крајот на април по повеќенеделни тензии меѓу Киев и Вашингтон што кулминираа со вербална расправија меѓу претседателот Трамп и Зеленски во Белата куќа во февруари.