Вчера се сретнаа и седеа еден до друг на одбележувањето на денот на полицијата во во Центарот за обука на МВР во Идризово, денеска обвинителот Љупчо Коцевски одговараше на прашањето до каде е истрагата за бугарскиот ТОЕФЛ сертификат за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
Коцевски вели дека е пред носење на обвинителска одлука, откако надлежниот обвинител ги добил сите одговори и ги завршил сите истражни активности откако претходно стигна и одговор од Бугарија за статусот на јазичното студио Јулија чиј сертификат приложи директорот на националната безбедност.
Истрагата е отворена лани на почетокот на ноември откако беше поднесена анонимна кривична пријава до обвинителството. Христовски во биографијата доставил ТОЕФЛ сертификат од пловдивското студио Јулија добиен во 2022-ра, но во моментот кога тој стана директор на АНБ, две и пол години подоцна, тоа јазично школо во Пловдив немаше ниту канцеларија ниту овластување за ТОЕФЛ сертификати.
Истрагата се забрза откако минатиот месец бугарското обвинителство испрати одговор до Скопје. Иако незавршена обвинителската истрага за сертификатот, ДКСК одлучи дека досието и документите на Христовски се чисти и ја отфрли претставката за негово назначување.
Четири месеци подоцна, претседателката на Антикорупциска беше осомничена за издавање службени тајни на екс директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.
Ајфонот на претседателката Татјана Димитровска сега е на вештачење во лабораторијата на обвинителството за да се утврди дали и за други случаи испраќала фотографии од предмети на Антикорупциска.
Миомир Серафиновиќ











