Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Не би рекол дека потребата од реформи во општеството е згасната и удавена во апатија и дефетизам, рече Марко Трошановски, извршен директор на институтот за демократија „Социетас Цивилис“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Почнува таа да се препелка веќе, меѓутоа сè уште е доминантно расположението, по сите истражувања, на граѓаните е дека сакаатда бидат дел од Европската Унија. Сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму, меѓутоа имаме еден момент на отрезнување, каде разочарувањата што ги претрпевме на патот кон Европската Унија сè повеќе за зацврстуваат свесноста дека работите веќе мораме да ги правиме сами за себе, што на крај на краиштата кулминираше со трагедијата во Кочани“, смета Трошановски.