Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Мораме да размислиме за ова. Ова е нов развој на настаните. Имаме свој став“, рече Песков.

Тој истакна дека Киев не одговорил на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот за Денот на победата.

„Коалицијата на подготвените“ денеска во Киев го поддржа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, а американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со санкции ако Путин не се согласи.