Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

/

пред 521 дена

Сподели преку :

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ , ова беа дел од пораките на транспарентите на петтиот протестен марш на семејствата на загинатите и на повредните во дискотеката Пулс во Кочани. Родителите и блиските на семејствата молчеа пред институциите.  Пораките до институциите ги испратија по завршувањето на протестениот мар, во паркот на револуцијата од каде што почнуваат и завршуваат со протестниот марш. Побараа правда, но да биде неселективна и праведна, на власта им порачаа дека нивните деца ги убиле корумпираните институциите.

Родителите синоќа  информираа дека одбиваат да се сретнат со премиерот Мицкоски на 13 мај, во вторник. Причината за одбивањето, според соопштението, е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани зашто сметале дека тоа е разумно и оправдано, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата. И денеска на протестот нагласија дека не се какошто велат за тајни средби.

Родителите нагласија дека ќе очекуваат правична судска постапка. Во Паркот на Револуцијата беше упатена јавна забелешка кон новинарскиот еснаф за фотографија со родител на починато дете, за која била доделена награда.