Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

/

пред 527 дена

Сподели преку :

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дополнително уште на педесет им се прават редовни преврски. Дел од повредните имаат изгореници изгореници, ампутирани делови од телото, нагмечувања. На штипското Одделение за Физикална терапија се рехабилитираат тројца, а од утре ќе им се приклучат уште четири до пет пациенти. Специјалистите физијатри, хирурзи, но и физиотерапвте, инструметарки и медицински сестри од штипската и кочанската болница имаат шестнеделна обуката организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина. Со нив работеа сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници.

Никола Костадинов физијатар од штипската Клиничка болница вели дека македонските здравствени тимови сега се  обучени соодветно да ги практикуваат протоколите за лекување од изгореници. Со ова се овозможува повредените да не патуваат до болниците во Скопје, туку целата здравствена нега да ја добиваат во штипската и кочанска болница.

Македонските тимови кои се обучени и добија сертифакти освен што ќе го искористат знаењето за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани, тие ќе можат да вршат обуки и на свои колеги, но и да бидат ангажирани било каде во светот доколку има вакви несреќи и повредени.

ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА