Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна изработката на Студијата за природните вредности на Јабланица

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Министерството за животна средина почна со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв чекор за можно прогласување на ова подрачје за заштитено.

Процесот вклучува собирање на податоци за биолошката разновидност, геодиверзитет, хидрологија и други природни елементи, теренски истражувања, ГИС-анализа и јавни консултации.

Иницијативата е поддржана од општините Струга и Вевчани, а Јабланица веќе е дел од Емералд мрежата и идентификувана е како потенцијално „Натура 2000“ подрачје. Оваа студија ќе биде основа за долгорочна заштита и одржливо управување со регионот.