Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српските студенти пристигнуваат во Брисел

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Студентите од Србија кои на 25 април го започнаа штафетниот ултрамаратон од Нови Сад, денеска попладне пристигнуваат во Брисел, како дел од иницијативата „Патување од 1.950 километри за правда“.

Во акцијата учествуваат 21 студент кои, трчајќи низ седум европски земји, бараат одговорност за уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, трагедија во која на 1 ноември 2024 година загинаа 16 лица.

Во Брисел, маратонците ќе се сретнат со претставници на европски институции за да ги презентираат своите барања за правда, транспарентност и крај на корупцијата во Србија.

Иницијативата започна со 16-минутен молк и прерасна во масовно студентско движење.