Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Украински војници упатија барање до претседателот Володимир Зеленски да не започнува преговори со Москва додека руските сили целосно не се повлечат од украинската територија. Барањето доаѓа по завршување на тридневниот прекин на огнот прогласен од Русија, кој на терен воопшто не се почитувал, велат украинските воени единици.

Командантот на украинската единица за беспилотни летала, Чепа нагласи дека преговори се можни единствено по целосно руско повлекување. Според него, и покрај најавите, за време на прекинот продолжиле нападите со хаубици и ракетни фрлачи.

Западните лидери, вклучително и Велика Британија, Франција, Германија и Полска, го поддржаа барањето на Украина за целосен прекин на огнот како предуслов за разговори.