Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот суд на правда оваа недела со одлука за СМС пораките на Фон дер Лаен и директорот на „Фајзер-Бионтек“

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Европскиот суд на правдата в среда треба да ја донесе одлуката за СМС пораките кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги разменила со директорот на фармацевтската компанија „Фајзер – Бионтек“, Алберт Бурла, со која Брисел во 2021 година потпиша договор за набавка на 1,8 милијарди вакцини против Ковид-19, вреден милијарда евра. Судот ќе решава дали Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност со одбивањето да ја објави содржината на комуникација на Фон дер Лајен со извршниот директор на Фајзер- Бионтек.

Случајот го откри бирото на „Њујорк тајмс“ во Брисел, чиј поранешен шеф поднесе тужба во 2022 година против одлуката на Комисијата да не ги објавува е-пораките меѓу Фон дер Лајен и Бурла. Инаку претседателката на Европската комсиија лично го одобрила најголемиот договор за вакцини во ЕУ.

Судската одлука може да биде пресвртница за Фон дер Лајен, која на крајот од 2024 го стартуваше својот втро мандат на чело на Комисијата на која ендо од клучните начела и е транспарентност, одговорност и отчетност.