Сто и педесет домаќинства утрово останаа без снабдување со струја и вода во селото Света Петка, откако настанал дефект од поголеми размери поради диви приклучоци и пад на мрежата. Екипи на Електродистрибуција излегле на терен, но биле спречени од жителите да интервенираат.
Ова не е нов проблем, со оглед дека загубите на струја во ова село надминуваат над 60 отсто додека наплатата изнесува само 7 проценти, велат од ЕВН.
Ситуацијата од лице место ја пренесува колешката Симона Петровска.











