Во Кочани, деновите на жалост станаа секојдневие – семејствата на починатите во кобниот пожар во непребол, најблиските на настраданите во битка со справување со последиците.
Кој и како им помага? Колку и што може да стори локалната власт? Како помага државата? Што и по два месеци од трагедијата регистрираат волонтерите на „Support Kocani“.
Како да се залечи душевната болка, полесно да се исцелуваат здобиените рани, да се премостат егзистенцијалните проблеми, во Топ Тема разговараме со Благица Сабовљевиќ Стоименова – граѓански активист и мајка на повреден син, Венко Крстевски в.д. градоначалник на Кочани и Иван Ивановски од „Support Kocani“.











