Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари денеска ќе поднесе оставка од Министерството за здравство

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе си ја поднесе оставка од министерската позиција по одлуката неговото крило од Алијанса за Албанците да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

Тој очекува и останатите партиски кадри во институциите да бидат разрешени. Сè уште е неизвесно дали со неговото заминување ќе си замине и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој до сега не даде конкретен одговор. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе биде познат новиот состав на Владата без кадри од Алијанса.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, порача дека ресорот здравство ќе остане во рацете на коалицијата ВЛЕН. Од Владата потврдија дека нема да има реконструкција, туку само замена на министри.