Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инстаграмот на новиот папа за 24 часа доби 8,7 милиони следбеници

/

пред 521 дена

Сподели преку :

Новиот папа Лав XIV, досегашниот американски бискуп Роберт Френсис Превост, отвори официјален профил на Инстаграм кој за помалку од еден ден собра над 8,7 милиони следбеници.

Во првата објава, тој им порача на верниците кои го заследија: „Мир со вас! Тоа е првиот поздрав што го изговорил Воскреснатиот Христос.“ Објавата е преведена на повеќе јазици и ја пренесува пораката за мир ширум светот.

Лав XIV беше избран по смртта на папата Франциск од страна на 133 кардинали. Роден во САД во 1955 година има богато искуство како мисионер и епископ во Перу. Се смета за умерен и реформски настроен поглавар, близок по дух до својот претходник.

Отворањето на Инстаграм профилот е симболичен гест на поврзување со верниците во дигиталната ера.