Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичките екологисти децидни бараат одземање на концесиите и затворање на идејата за рудник кај Иловица и Штука

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Промената во сопственичката структура во компанијата Еуромакс, не ги колеба струмичките екологисти. Тие бараат трајно одземање на концесиите и затворање на идејата за рудник кај селата Иловица и Штука.

Според Здрава котлина, концесионерот Еуромакс Рисорсис неодамна доби доминантни сопственици  од Бугарија кои веќе имаа свој удел. Продадени се акциите кои газдата на тетовски Еколог ги купи пред три години преку холандската фирма.

За Костадин Ристоманов од Ново Село, државата треба да се охрабри не само за русникот кај Иловица, тука да се забрани употреба на цијанид дури и за постоечките рудници. Тој смета дека нема никаква гаранција дека во некој период од своето постоење и работење нема да предизвикаат еколошка кастатрофа.

Ристоманов потсетува дека постоењето на рудници не е само еколошки проблем на денешницата, туку проблем и на идните генерации кои ќе треба да се справуваат со последиците.

Рудникот кај селата Иловица и Штука го бранува Југоистокот речиси осум години. За него се организираа и локални референдуми, протести, а се наоѓаше и во предизборните ветувања на политичките партии.

Сузана Мицева