Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки. Во затворите низ земјава имаме 2.300 затвореници и 400 притвореници.
Во дел од затворите има над 100% исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација. Во моментов, 60 лица треба да добијат алки.











