Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

/

пред 501 дена

Сподели преку :

Вардар и Струга вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Двете екипи се подготвени да слават, но само еден ќе биде победник.

Во финалните натпревари ретко има фаворити, па така ќе биде и вечерва. Вардар можеби е во мала предност, бидејќи практично игра на домашен терен и се очекува да има далеку поголема подршка од трибините, каде секако во голем број ќе бидат и популарните Комити.

„Црвено-црните“ имаат пет куп-трофеи во историјата, но го немаат освоено цели 18 години, па најтрофејниот македонски клуб ќе сака да го прекине овој пост и конечно да го врати пехарот во своите трибини. Струга има едно финале зад себе што го загуби од Македонија Ѓорче Петров на пенали во 2023 година. Стружани кои се предводени од поранешниот вардаров играч и тренер Илчо Ѓорѓиоски иако се млад клуб, веќе два пати беа шампиони на Македонија.

Вардар во втората полусезона направи конкурентен тим и од борба за опстанок сега е на чекор да избори пласман во Европа, а истиот влог е и за Струга, која на табелата заврши на 4.место, надвор од зоната за меѓународните натпревари.

Куп финалињата често се решаваа и на пенали, па нема да биде изненадување и овој пат ако ударите од белата точка го одлучат победникот.