Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Претседателката одлучила кого да предложи за нов гувернер, но името не го открива во јавноста додека прво не го видат во владата и во собранието. Потврди само дека се работи за еден од кандидатите кои се спомнуваат во јавноста: поранешните министри за финансии, Зоран Ставревски и Трајко Славевски, како и досегашната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска.

За сите кандидати вели дека  се квалификувани за оваа позиција во поглед на експертското знаење. Смета дека не е пречка тоа што дел од нив се и актуелни партиски функционери.

Ставрески е советник на премиерот за банкарство, а Славевски е актуелен член на Извршен одбор на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од својата работна кариера, Ставревски ја поминал и во Народна банка, каде работел седум години. Бил дел и од тимот на банката за преговори со ММФ и Светска банка, каде подоцна и работел. Беше вицепремиер и министер во владата на Груевски, од каде си поднесе оставка поради здравствени причини.

Славевски е актуелен претседавач на Совет на Град Скопје и универзитетски професор. Познат е како критичар на јавните трошоци на локално и на државно ниво, залагајќи се за транспарентност и рационално трошење на парите на граѓаните.

Меѓу кандидатите е и актуелната гувернерка, која е и првата жена на оваа позиција. Во својот мандат, кој истекува денеска, се соочи со многу предизвици, глобални економски кризи и инфлациски притисоци.

Пред конечната одлука, и премиерот, кој рече дека има свое мислење за секој од кандидатите, повторно се сретна со претседателката. Се очекува, во текот на денот предлогот да биде  доставен  до Собранието.

Далиборка Демјанска Цветановска