Најчестите жалби на граѓаните кај правобранителот се однесуваат на тешкотии за добивање на лични документи, проблеми со извршители и блокирани сметки. Лани пристигнале над 2.700 претставки.
Омбудсманот Насер Зибери потенцираше дека дополнителен проблем претставува и задоцнетото разгледување на годишниот извештај од Собранието, поради што Владата не презема обврски за спроведување.











