Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бислимовски: Вршителите на енергетски дејности до 30 јуни да поднесат барање за лиценца

/

пред 504 дена

Сподели преку :

Во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа.  Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека новата лиценца е бесплатна, за истата не се плаќа никаков надоместок. Потребно е да се направат одредени измени во документот кои се содржани во Законот за енергетика. Во моментов за енергетски дејности издадени се 8.800 лицецни, а за пробна работа околу 150.

-Ако носителите не ги достават барањата, нивните лиценци ќе престанат. Ние и од нашиот мониторинг систем на сите меил адреси што ни ги доставија ќе ги известиме носителите на лиценци и очекувам сите да си ги завршат овие обврски, вели претседателот на РКе  Бислимовски.
На овој начин ќе се направи едно прочистување на носителите на лиценци.