Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ландо Норис на пол-позицијата во Монако

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионатот.

Норис до својата втора сезонска пол-позиција дојде со време од 1 минута, девет секунди и 954 илјадитинки. Покрај него во првиот стартен ред друштво ќе му прави миленикот на домашната публика Шарл Леклер од Ферари. Потоа  повторно следуваат возачи на Мекларен и Ферари, лидерот во генералниот пласман Оскар Пиастри и Луис Хамилтон.

Макс Ферстапен од Ред Бул ќе тргне како петти, зад него следува Исак Хаџар, потоа Фернандо Алонсо, а најдобрите десетмина ги комплетираат Естебан Окон, Лијам Лосон и Алекс Албон.

Трката за Големата награда на Монако утре стартува од 15 часот.