Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Дали Макрон доби шлаканица од сопругата во авион во Виетнам?

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Виетнам започна со скандал што го забележаа камерите на светските агенции. Во моментот на отворање на вратата на авионот, по слетување во Ханој, камерите фатија рака во црвено сако како го оттурнува лицето на Макрон.

Тој беше помалку изненаден, бидејќи сфати дека се снимени од камерите, по што веднаш се прибра, се насмевна и ги поздрави присутните на аеродромот. Но, Брижит Макрон потоа демонстративно ја одби раката на нејзиниот сопруг додека се симнуваа по скалите.

Од канцеларијата на Макрон првично ја негираа снимката, велејќи дека е направена со помош на вештачка интелигенција, но набрзо потоа ја сменија приказната, со објаснување за „пријателска размена на шеги“. Елисејската палата ја потврди автентичноста на снимката, нарекувајќи ја „разиграно задевање“, но што точно се случило останува непознато.