Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет до шест аларми за возрасни и еден за малолетник – системот за рано предупредување за исчезнати деца добива значење

/

пред 511 дена

Сподели преку :

Системот за рано предупредување за исчезнати деца сè повеќе добива значење. Организацијата која од 2021 година активно работи на негов развој, апелира тој да стане национален. Целта е информацијата за исчезнато лице што е можно побрзо да стигне до целата јавноста.

Досега се активирани пет до шест аларми за возрасни лица и еден за дете, при што еден од случаите се однесува на странски државјанин. Се бараат поефикасни и пошироки механизми, како и вклучување на национални здруженија, за поголема и побрза потрага по исчезнатите.